Нервозниот Куртоа удри по кабината на делегатот (ВИДЕО)

Белгија доживеа големо разочарување откако загуби од Мароко со 2-0, Тибо Куртоа немаше свој ден, а после мечот својата нервоза ја истури врз кабината каде што седат делегатите.

Куртоа беше виновен за првиот гол на Мароко кој го прими од слободен удар од странична позиција, место од кое никој не ни мислеше дека Мароканецот може да шутира.
 
По крајот на мечот, излегувајќи од теренот, Куртоа силно со тупаница удри по кабината каде што седат делегатите.