Некогаш не помага ниту ВАР: Чапекоенсе ја загуби титулата поради голема грешка!

Бразилски Чапекоенсе е повторно во центар на внимание по мечот во финалето од првенството во Санта Катарина, каде што играа против Аваи и загубија на пенали, но главниот судија направи голем скандал.

Резултатот во регуларниот дел беше 1-1, а потоа се изведуваа пенали, при кој последен изведувач беше фудбалерот на Чапекоенсе, Бруно Пачека, кој погоди пречка, а потоа топката се обид во голот.

Фудбалерите беа сигурно дека е гол, но судијата предизвика шок на стадионот. Гледаше дури и ВАР-снимка, но на крајот пресуди дека не е погодок.

Аваи со таа одлука го освои трофејот, но од Чапекоенсе не се предаваат. Тие порачаа дека не го признаваат резултатот и побараа дуелот да биде повторен.

„Ние овој резултат нема да го признаеме. Веќе е подготвена жалбата и сакаме да се повтори мечот. Судијата направи голема грешка и него треба да го суспендираат на една година. Ние нема да молчиме и ќе се бориме до крајот“, кажа претседателот на Чапекоенсе, Манино.