Нејмар плачеше како мало дете, па синот на Перишиќ дојде да го утеши (ФОТО+ВИДЕО)

Првата бразилска ѕвезда Нејмар не можеше да ги скрие емоциите после елиминацијата со Бразил на пенали од Хрватска (2-4), плачејќи за поразот како мало дете.

Неутешен беше најскапиот светски фудбалер за новата пропуштена шанса да дојде до светска слава со шеста светска титула, иако на мечот со Хрватите го достигна Пеле со 77 гола за националната репрезентација.

Солзите на Нејмар го обиколија светот, а потегот на денот го имаше синот на Иван Перишиќ, Лео. Тој дојде да се поздрави со Нејмар и барем малку да го утеши.