Не заборавил на пријателот: Меси ја платил кауцијата за Роналдињо да излезе од затвор!

Бразилецот Роналдињо го напушти затворот во Парагвај и доби дозвола да биде префрлен во куќен притвор во луксузен хотел во парагвајската престолнина, откако за него беше платена кауција во износ од 1,3 милиони евра и тоа од сметка на Барселона.

Шпанските медиуми веќе објавија дека речиси сигурно позади оваа уплата стои Лионел Меси, кој не сакал повеќе да го гледа својот голем пријател како седи зад решетки. Роналдињо е во проблеми поради влегувањето во парагвај со лажен пасош, поради што се соочува со затворска казна до шест месеци.

Во случај Бразилецот да побегне односно да не се појави на судењето, Меси ќе остане без парите дадени за кауција.