Не отиде во училиште, па стана најмладиот стрелец во историјата на Копа Либертадорес (ВИДЕО)

Фудбалерот на Сантос, Родриго Гоес го сруши рекордот за најмлад стрелец во историјата на Копа Либертадорес (Лига на шампиони во Јужна Америка) откако постигна гол во победата од 3-1 против Национал. 

 Бразилецот има само 17 години, два месеци и шест дена и го мина рекордот на поранешниот фубдалер на Вердер, Диего, кој претходниот рекорд го постигна во 2003 година. Според начинот на кој го даде голот и со право го нарекуваат „новиот Нејмар“.

На прес-конференцијата по натпреварот младиот фубдалер призна дека не отишол во училиште за да може да игра на овој натпревар и побара прошка од професорите.

„Среќен сум што сум најмладиот стрелец во Копа Либертадорес. Тоа е остварување на сонот. Во однос на тоа дека морав да изостанам од училиште за да играм на овој натпревар, мислам дека професорите ќе ги разберат причините“, изјави Родриго Гоес.