Не можеше да престане да плаче: Корејска ѕвезда наскоро заминува во војска!?

Ѕвездата на Тотнем, Сон Хеунг-Мин вчера го постигна единствениот погодок за Јужна Кореја, која загуби од Мексико со 1-2.

Јужна Кореја остана без шанса за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Русија, а Сон по натпреварот почна да плаче и не можеше да ги запре солзите.

„Игравме како да ни зависат животите од овие натпревари. Се обидов да ги задржам солзите, но не можев кога ги видов своите колеги. Знам дека и тие сакаа да успееме. Некои од нас играа и повреди на дуелите“, кажа Сон.

Во Јужна Кореја многумина мажи одат во војска, бидејќи според закон мора да се служи, па така најверојатно нема ниту Сон да биде поштеден.

Единствено од служење војска беа ослободени Ји Сунг-Парк и Ли Јонг-Пју, а таа привилегија ја заслужија со пласман во полуфиналето на Светското првенство во 2002. година.