Не била само вербална пресметка: Стерлинг го удрил Гомез во лице!? (ФОТО)

На тренингот на репрезентацијата на Англија пред квалификацискиот меч со Црна Гора се случи мал инцидент, откако Џо Гомез и Рахим Стерлинг тргнале да се тепаат.

„Дејли Мејл“ пишува дека поголем инцидент бил спречен благодарение на останатите соиграчи, а дека не била обична караница, може да се забележи и по гребнатинката на лицето на Гомез.

По инцидентот се огласи Стерлинг, кој беше избркан од репрезентацијата, па се извини преку Инстаграм.