Навивачите на Брондби не сакаат богат спонзор: Подобро банкрот, отколку со Ред Бул!

Нецел ден откако европски медиуми објавија дека моќниот гигант Ред Бул после австриски Салцбург и германски Лајпциг сака да купи и трет клуб и тоа Брондби, навивачите на еден од најголемите клубови во Данска експресно реагираа и порачаа дека не им треба – таков спонзор.

Навивачите на Брондби брзо со пароли го нападнаа стадионот на кој игра нивниот миленик, за да покажат дека се противат на „модерниот фудбал“ во кој парите ја играат главната улога, а страста за клубот и фудбалот се повеќе се губат.

„Подобро банкрот отколку со Ред Бул“, е една од паролите на ултрасите на Брондби.

Салцбург под палката на Ред Бул доминира во фудбалот, а Лајпциг моментно е прв во Бундеслигата, но откако оваа компанија влезе во клубот и преку ноќ го направи источногерманскиот тим гигант, овој клуб сега е најомразен кај германската фудбалска јавност, која се противи на вакви инстант издигнувања на екипи кои буквално биле под просечни до влезот на богатите спонзори.