Навивач на Велс починал во Катар

62-годишен навивач на Велс, починал за време на Светското првенство во Катар, според „Би-Би-Си“ се работи за природна смрт.

Починатиот велшки фан, Кевин Дејвис на Светското првенство бил заедно со својот син и со пријатели. Тој починал синоќа, на истиот ден кога Велс загуби од Иран во групната фаза.
 
Според „Би-Би-Си“, тој починал од природна смрт. Дејвис не бил на мечот меѓу Велс и Иран.
 
Велшките фанови во голем број се присутни во Катар, нивната репрезентација првпат е на Светско првенство по 1958 година.