Најстариот фудбалер на Мундијалите одбрани пенал (ВИДЕО)

Најстариот фудбалер во историјата на Светските првенства, Есам Ел Хадади, кој денеска со 45 години и 161 ден постави нов светски рекорд, откако застана на голот на Египет успеа да одбрани пенал пред крајот на првото полувреме од мечот Египет – Саудиска Арабија, но не успеа да ја сочува мрежата до крајот на полувремето.

Ел Хадади го одбрани пеналот во 39-та минута од мечот на својот 153-ти меч за националниот тим, но откако Египет поведе со гол на Мохамед Салах, Саудиска Арабија израмни преку Ал Фарај во 45+2 минута повторно од пенал, кој египетскиот голман не успеа овојпат да го одбрани.