Најомразениот тренер во Аргентина си најде нова работа и тоа во – клубот на Нејмар и Пеле!

Хорхе Сампаоли, човекот кој требаше да биде „спасител“ на Аргентина по две јужноамерикански титули со Чиле стана најомразениот тренер во земјата на својниот светски првак, откако со „гаучосите“ ги загуби сите конци од рацете на СП, па Аргеентина предводена од Лионел Меси испадна уште на првата елиминациска пречка.

Сампаоли беше прогласен за најголем виновник за елиминацијата на Аргентина, но не сакаше лесно да си замине и дури по еден месец преговарање, Аргентина реши да го замени со Лионел Скалони. Сега, Сампаоли по четири месеци без работа си најде нов ангажман и тоа во најфудбалската земја на светот – Бразил.

Ни повеќе, ни помалку, Сампаоли е нов тренер на легендарниот клуб Сантош. Клубот каде проникна најголемата бразилска легенда Пеле, а клуб од кој потекнува и актуелниот најскап светски фудбалер Нејмар, кој сега игра во ПСЖ.

„Сантош и Хорхе Сампаоли постигнаа договор за соработка и тренерот ќе ја преземе екипата од 2019 година. Конечниот договор за деталите и потпишувањето на договорот ќе бидат финализирани на состанок викендов“, рекле од Сантош.