Најкултниот стадион во Аргентина засекогаш ќе го смени ликот (ВИДЕО)

Бока јуниорс има план за најкултниот стадион во Аргентина, кој треба да го промени ликот засекогаш. Од тимот соопштија дека има заинтересирани луѓе за изградба на нови трибини, а целиот проект треба да чини околу 50 милиони евра и управата на клубот на чело со Хорхе Амор Амеал треба да го реализира до крајот на мандатот.

Управата потврди дека проектот ќе се нарекува „Бомбоњера 360 степени“ затоа што сега од сите четири страни ќе има трибини додека максималниот капацитет би изнесувал околу 78.000 места.

Амеал има мандат во клубот до декември 2023 година, па така според сегашниот план на клубот, стадионот треба да добие и цела четврта трибина за околу три ипол години.

Тоа според аргентинските медиуми не би требало да биде единствена промена затоа што во рамки на реконструкцијата ќе биде додаден и терен за хокеј, два базени и места за скара.