Србија загуби од Швајцарија со 1-2, ама синоќа уште поболно во поразот беше што двајца Албанци им „ја зготвија чорбата“, па уште и безмилосно ги провоцираа и сето тоа наиде на голема осуда од јавноста кај северниот сосед.

Србите бараат ФИФА да ги казни Гранит Џака и Џердан Шаќири за провокациите со „летањето орел“ по постигнатите голови, но и самите Срби, кои дојдоа во Калининград беа провокаротски настроени. Србите без Ратко Младиќ не можат, иако барем десетина пати токму поради тоа величање добивале казни. Па без осудениот воен злосторник не мина ни мечот со Швајцарците во Калининград.

Во националистичката иконографија која фоторепортери од светските медиуми присутни на Мундијалот фатија и четници, обележја на воени единици кои направиле воени злосторства. За вербалните провокации, пак, не треба ни да се трошат зборови. Само комедијата е тоа што Србија играше со Швајцарија, која ниту е сосед, ниту пак војувала со нив.