На Вардар му беше прекуброен, а сега е главен во Украина

Поранешниот македонски младински репрезентативец Бесир Демири, кој беше прекуброен во македонскиот шампион Вардар, па зимава замина во украински Мариупол и по официјалното деби, левиот бек веднаш се најде во тимот на колото.

Демири во Мариупол замина како слободен играч, откако спогодбено го раскина договорот со Вардар по само една година мината во таборот на црвено-црните со кои играше во Лига Европа. Тој за украинскиот тим потпиша 18-месечен договор и брзо ги освои симпатиите на јавноста.

Фудбалскиот портал „Фур Бум“ во Украина состави тим на 20-то коло и Демири се најде меѓу најдобрите 11.