На стадион во Израел вградија анти-корона прскалки

Стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив изгради специјален тунел за фудбалерите со вградени прскалки што играчите ќе ги прскаат со средства за дезинфекција.

Во тунелот ќе се користи електролизирана вода и, според универзитетот Бар-Илан, кој поседува лиценца, обезбедува долготрајна заштита од коронавирус и е целосно безопасна за здравјето на луѓето.

Прскалките се автоматизирани, вклучуваат сензори и произведуваат магла во која играчите стојат максимум 15 секунди. Играчите ќе го користат овој препарат пред натпреварот и по полувремето, а низ него ќе минува и стручниот персонал, па дури и новинарите.

„Немаме вакцина против коронавирус, но подобро ќе се бориме со него преку  овој производ. Луѓето се чувствуваат побезбедни откако ќе поминат низ нашиот тунел, истакна претседателот на компанијата што го прави системот.

Откако тунелот стана оперативен, на стадионот „Блумфилд“ се одиграа три натпревари, додека израелската фудбалска лига продолжи минатата сабота без присуство на гледачи.