На многу тренери ќе им олесни: Откажан Африканскиот куп на нации!

После одложувањето на Европското првенство, па потоа и на Копа Америка, трет на ред за одложување дојде Купот на Африкански нации, шампионатот на „црниот континент“, за чие пролонгирање за 2022 година најмногу се радуваат бројни тренери, пред сè во Премиерлигата, а најмногу – Јирген Клоп.

Африканскиот куп на нации требаше да се игра во јануари и февруари годинава, нешто за кое многу реагираат тренерите, зашто на најголемите ѕвезди од Африка баш во клучен период од сезоната не може да сметаат, а ова најмногу ќе го погодеше Ливерпул и Клоп, бидејчи Саидо Мане (Сенегал) и Мохамед Салах (Египет) во таков случај ќе ги немаше.

Но, иако Камерун, кој требаше да биде домаќин на ова првенство даде гаранции дека може да го организира и покрај пандемијата со коронавирус, африканската конфедерација (КАФ) реши да го одложи шампионатот за една година и да се одржи истиот во јануари и февруари 2022.

Последен шампион на Африка е Алжир.