На чекор се од сензација: Држава со 150.000 жители е пред пласман на СП 2026!

Фудбалерите на Курсао се вистински хит во квалификациите за Светското првенство бидејќи само еден чекор ги дели да станат најмалата држава која се пласирала на еден Мундијал.

По победата од 7-0 над Бермундските Острови во последното коло потребен им е само бод за да ја обезбедат првата позиција во групата и од КОНКАКАФ зоната да обезбедат место на Светското првенство наредната година.

Оваа поранешнан холандска колонија би станала убедливо најмалата држава која настапила на еден Мундијал бидејќи бројат само 150.000 жители. Репрезентацијата им е составена претежно од фудбалеери кои играат во најсилната холандска лига, но имаат и фудбалери во Премиер лигата и тоа Вурнор-Анита од Њукасл и Кука Мартина од Евертон.

Во последното коло ќе ги чека дербито со Јамајка и ако освојат барем бод ќе испишат вистинска историја, дури и да не успат ќе имаат шанса да дојдат до Мундијалот преку баражот.