На Балканот се тепаат судии, ама во Јужна Америка безмилосно ги нокаутираат (ВИДЕО)

Можеби на Балканот, „селските мечеви“ се полни со инциденти, а најчесто судиите се тие што се најчести жртви, во Јужна Америка дури и е страшно ако им згрешил на противниците, посебно во ниските лиги, зашто следува линч.

Венецуела одамна е во тотален хаос, државата се соочува со голема инфлација, жителите едвај врзуваат крај со крај, па сиот тој гнев се истура и на фудбалските мечеви. Во третолигашки дуел, судијата доби таков нокаут со глава, по кој остана беспомошно да лежи на трева. И тоа само зошто на гостите им свирнал индирект, а од него тие израмниле.

Ништо не навестувало на линч се до 94-та минута. Домаќините воделе со 1-0, а голманот решил да задржува време. Но, судијата одолговлекувањето го санкционирал со одземена топка и слободен удар. И од тој прекин, гостите израмните, а домаќините останале без планирани два бода.

И сиот бес го исфрлија кон судијта. Тој почна да бега, но играчите го стигнаа, веројатно ни самиот не верувајќи дека може да биде нокаутиран.