Мурињо ја откри тајната на Исланѓаните: Како деца јаделе многу месо!

Исланд уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавноста, откако на стартот на својот прв Мундијал дојдоа до бод против Аргентина.

Репрезентативците на Исланд играа цврсто и организирано против Аргентинците, а на крајот успеаа во својата мисија, а во тоа до некаде им помогна и Лионел Меси, кој промаши пенал.

За нивниот голем успех и тајна која стои зад успехот зборуваше Жозе Мурињо.

„Мислам дека фудбалерите на Исланд јаделе месо за појадок уште откако биле бебиња. Сите се многу силни и подготвени и фудбалот, кој го играат совршено им одговара“, вели Мурињо.