Мундијал за богаташи: Ултра ВИП-от чини еден милион долари и веќе е – распродаден!

Светското првенство во Русија идното лето повеќе од сигурно ќе биде забава за милијардерите и богаташите, а шест месеци пред стартот на најголемиот фудбалски фестивал, домаќинот се пофали дека ги продал – ултра скапите ВИП-влезници.

Станува збор за ВИП-премиум „хоспиталити“ пакет за Мундијалот во кој се вклучени најубавите места на стадионите во луксузно подготвени апартмани, во кои има јадење и пиење, резервирано паркинг место, луксузни подароци од домаќините... Сето ова како понуда за 19 мечеви на стадионите во Москва (Лужники и стадионот на Спартак), како и во Санкт Петербург чини 1,4 милиони долари. Плус, патните трошоци и сместувањето не влегуваат во цената.

Во ултра ВИП-от резервирани се места за отворање, полуфиналиња и финалето, кои и за обичните гледачи влезниците за овие спектакли се прескапи, па така цената се движи од 200 до 5.000 долари во зависност од местото за седење. Програмите со јадење, луксузен претстој и забава за богаташите чинат многу повеќе како во случајов.

И додека во Русија сè уште се продаваат влезници за спектаклот, ФИФА допрва ќе распределува преку лотарија, најскапото нешто за фудбалскиот фестива од 15 јуни до 16 јули идната година е распродаден. Покрај Ултра-ВИП има уште низа понуди за хоспиталити програма за мечевите по други цени, за тие со малку поплиток џеб од најголемите богаташи.