Салах носи тронка надеж за Египет (ВИДЕО)

Египет го намали резултатот на 3-1 против Русија на првиот натпревар од 2.коло во Групата А на Светското првенство.

Капитенот на Египет, Ахмед Фати си постигна автогол и донесе водство за Русија од 1-0 во 47-та минута Ова е вкупно петти автогол на Мундијалот во Русија, а втор на стадионот во Санкт Петербург. Во 59-тата минута Денис Черишев погоди за 2-0 за Русија и го постигна својот трет гол на првенството. Само три минути подоцна Артем Ѕиба погоди за 3-0 на домаќинот на Мундијалот.