Мота може да биде мирен, Јувентус нема да го отпушти

На Јувентус не му оди најдобро сезонава и „старата дама“ веќе дожеивеа елиминации од Лигата на шампионите и Купот на Италија, па поради тоа во јавноста се појавија најави за смена на тренерот Тијаго Мота.

Мота пристигна од Болоња и со него навивачите имаа многу поголеми очекувања, сепак Јувентус не блеска.

Но, без разлика на послабите резултати, техничкиот директор Кристијан Џунтоли потврди дека во овој момент клубот не размислува за смена на Мота.

„Сите сме разочарани, но и понатаму веруваме дека сме на вистинскиот пат. Имавме разговори со фудбалерите кои се свесни дека мораат повеќе да покажат за да ја остваривме главната цел, а тоа е да се пласираме во Лигата на шампионите. Можам да потврдам дека Мота не е под закана на отказ. Веруваме во проектот кој го започнавме заедно пред шест месеци“; изјави Џунтоли.

На табелата во Серија А по 26 кола Јувентус е четврти со 49 бода, Лацио има 47, Фиорентина 42, а Милан 41.