Мората во свој стил: Утна празен гол против БиХ (ВИДЕО)

Алваро Мората важи за најголемиот промашувач од елитните напаѓачи, а истото го потврди и вечерва на пријателскиот натпревар помеѓу Шпанија и Босна и Херцеговина. 

Голгетерот на Челси не реализираше од идеална шанса по одличната асистенција од Марко Асенсио и шутираше крај празниот гол на Босанците. 

„Црвената фурија“ на крајот сепак победи со минимални 1-0, а голот беше дело на Браиз Мендез во 78-та минута од натреварот.