Модриќ: Бевме подобри и треба да бидеме горди, ама...

Лука Модриќ, капитенот и моторот на хрватската фудбалска репрезентација е најдобриот фудбалер на 21-то Светско првенство во Русија. Претрча Модриќ како маратонец повеќе од 70 километри за еден месец на овој турнир, ја водеше Хрватска до финале, ама таму Франција се испречи за да го спречи да се израдува и на светска титула.

Фудбалски Хрватска беше подобра од Франција, но пресуди моментов во првите 15-на минути од вториот дел кога Французите со два гола ја зголемија предноста од полувремето од 2-1 на недостижни 4-1, што практично значеше крај на надежите на „коцкестите“. Се трудека Модриќ и другарите да се вратат, ама сила против цврстата француска дефанзива немаа за да ја скршат.

„Нема што да си замериме само на себе, затоа што бевме подобар тим во најголемиот дел од мечот. За жал некои несреќни и неспретни голови отидоа на новна страна. Французите слават, а ние можеме да бидеме горди на овој турнир. Кога ќе се смират реакциите, ќе можеме по трезвено да размислуваме. Јас сум горд на наградата, а кога ќе ја видиш сета таа поддршка, те прави уште посреќен. Знаеш дека и покрај поразот направивме нешто големо, но кога ќе дојдеш така близу, не е лесно“, рекол Модриќ и со солзи заминал во соблекувалната.