МЛС-листата треба да почне за десет дена, а 26 лица од клубовите позитивни на корона

Иако американската фудбалска МЛС-лига го закажа својот рестарт на сезоната во Дизниленд, на Флорида за 8 јули, десет дена пред почетокот вкупно 26 лица се позитивни на коронавирус.

Според информациите од САД, вкупно 20 фудбалери и шест членови на стручните штабови биле позитивни на новиот опасен вирус, кој направи пустош во САД, а оваа земја имаше убедливо најголем број на заразени и починати откако коронавирусот се рашири од Кина насекаде низ светот и го прекина нормалниот живот.

Клубовите во МЛС лигата веќе почнаа да пристигнуваат на Флорида во исчекување на почетокот на сезоната, но сериозниот број на заразени не е добра вест за тоа што го планираа Американците.

„Секое лице кое ќе биде позитивно додека е во Орландо ќе биде под надзор на здравствените работници и во изолација во хотелот, додека не добие поинакво одобрение. Сите со кои лицето имало близок примарен контакт ќе биде подложно на ПЦР-тест и може да му биде забрането било каква групна активност од учество на тимските ручеци или на тренинзите. Додека се во изолација сите фудбалери во МЛС, тренери, технички персонал ќе биде во секојдневна комуникација и ќе добиваат насоки за лечење, вклучително следење на симптомите (ако ги има) и редовно тестирање“, објавија американските здравствени власти.