МЛС-лигата уште не тргнала, а еден меч поради коронавирус се – одложи!

Американската фудбалска МЛС-лига за два дена треба официјално да се рестартира и тоа во Дизниленд, на Флорида, а иако уште не тргна фудбалот во САД, еден меч веќе е одложен поради коронавирусот.

МЛС-лигата го одложи мечот на Далас со Ванкувер, откако во тексашкиот клуб дури 10 членови биле позитивни на новиот опасен вирус – девет фудбалери и еден тренер. Поради појавата на зараза, целиот тим е ставен во изолација и нема да смее да тренира, а поради тоа нема да го одигра воведниот меч кој им беше на програмата.

Далас на Флорида е од 27 јуни, а МЛС-лигата ќе се игра во скратен мундијалски систем и треба сезоната да заврши до 11 август. Според информациите, првите мечеви на Далас и на Ванкувер се закажни за 15 јуни, кога тексашаните ќе играат со Сиетл, а Ванкувер со Сан Хозе.

САД е најпогодената земја од Ковид-19 во која над 130.000 лица го загубија животот, повеќе од петина од севкупниот број на жртви на светско ново (над пола милион лица).