Мислиш Меси и Роналдо доаѓаат: Србин дочекан во Саудиска Арабија како „месија“ (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Александар Пријовиќ зимава замина од солунски ПАОК во саудиски Ал Итихад, каде тренер е бившот хрватски селектор Славен Билиќ и на доаѓање во Саудиска Арабија беше дочекан како да е – Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Можеби и повеќе од тоа.

Навивачи застануваа за да направат селфи и урлаа на еродромот откако Пријовиќ допатува во Саудиска Арабија. Ал Итихад е еден од најпознатите клубови во оваа земја, втор најтрофеен, но сезонава има многу маки и сега Србинот треба да го спаси клубот со головите за да не испадне.