
Микел „удри“ по Карагер: Зборува како се освојува Премиер лигата, а тој не ја освоил
Во неделата легендата на Ливерпул истакна дека Мохамед Салах иако игра одлична сезона е во неповолна позиција за „Златната топка“ бидејќи не освоил ниту еден голем меѓународен трофеј како: Европско првенство, Копа Америка или Светско првенство.
На тој начин Карагер ја намали вредноста на Африканскиот Куп на Нации и налути многумина. Еден од оние кои јавно зборуваа беше екс-фудбалерот на Челси.
„Со тоа што го кажа покажа непочитување, а го зборува тоа некој кој не освоил ниту едно поголемо меѓународно натпреварување со Англија. Неговата изјава беше многу погрешна. Се надевам дека ќе излезе и јавно ќе се извини, не може да покажува такво непочитување за така голем турнир“, изјави Микел.
Потсети, Микел и дека Карагер никогаш во кариерата не ја освоил Премиер лигата.
„Човекот толку многу зборува на ТВ, а никогаш не ја освоил Премиер лигата, ги анализира екипите и им кажува што треба да направат за да ја освојат. Како е можно да знае што треба, ако тој самот не ја освоил. Луѓето во Африка умираат за Африканскиот начин, а тој го дискриминира на таков начин“, истакна Нигериецот.