Меси: Сега одиме на сè или ништо

Аргентина вчера го победи Катар со 2-0 во рамки на последниот натпревар од групната фаза на Копа Америка и обезбеди четвртфинале. 

„Гаучосите“ го одиграа најдобриот натпревар на турнирот, а Лионел Меси смета дека токму тоа и беше потребно на репрезентацијата за да ја врати самодовербата.

„Одигравме добар натпревар и победивме, што беше најважното. Ни беше потребен еден ваков натпревар, за да ја вратиме самодовербата и да бидеме смирени. Како поминуваат натпреварите, тимот расте, а овој дуел со Катар го покажа тоа. Турнирот сега почнува за нас. Одиме на сè или ништо“, изјави Меси.

Аргентина во четвртфиналето на Копа Америка ќе игра против Венецуела.