
Меси повторно го помина Роналдо и постави нов рекорд
Со нив изби на чело на листата на стрелците во првенството на САД, но во исто време постави нов рекорд. Тој сега има 764 гола кои не се постигнати од пенал, еден повеќе од досегашниот рекордер Кристијано Роналдо, но до оваа бројка дојде до дури 167 натпревари помалку. До почетокот на сезоната во Саудиска Арабија има уште еден месец и тоа е шанса за Меси дополнително да му избега на својот ривал.
Аргентинскиот волшебник сега има вкупно 874 гола во својата кариера, сметајќи ги настапите на клупско и репрезентативно ниво и ако вака продолжи, а со оглед на тоа што има уште 15 кола во МЛС плус плејофот и плус натпреварите за репрезентацијата, лесно може да стигне до 900. На последните седум меча, тој дури шест пати постигна по два гола.