Меси по очајот со Колумбија: Ова беше лекција, сѐ уште имаме шанси!

Еден од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси вчера доживеа нов шок со Аргентина, откако на стартот на Копа Америка во Бразил, „гаучосите“ загубија со 0-2 во дербито со Колумбија.

На Меси никако да му тргне со Аргентина, но тој не се откажува од успехот после воведниот пораз потенцирајќи дека шансите не се загубени, а поразот е една голема лекција.

„Ќе ни треба малку повеќе време за да го прифатиме овој пораз. Мора да најдеме поуки во грешките кои ги направивме. Брзо треба да се соземеме, зашто шансите да ја минеме групата не се загубени. Секој пораз во Аргентина тешко се прифаќа. Имаме добра екипа и ќе се издигнеме. Мислам дека ќе бидеме спремни за следниот предизвик. Мора да бидеме силни, не смееме да се предадеме. Главата горе и одиме на победа со Парагвај. Има уште да се игра“, вели аргентинската суперѕвезда.