Меси наскоро ќе го има и во – циркус (ВИДЕО)

Најпопуларниот аргентински фудбалер и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси ќе биде инспирација за новата претстава на еден од најпознатите циркуси „Сирк ду Солеи“, потврдија двете страни.

Овој циркус е познат по тоа што како инспирација имал големи спортски ѕвезди, па така Мајкл Џордан бил една од инспирациите, претходно и една од најпопуалрните групи на сите времиња Битлси, а сега Меси е во фокусот.

„Се чувствувам неверојатно. 'Сирк ду Солеи' ќе направи претстава за мојот живот, мојата страст, мојот спорт“, вели Меси.

Воодушевување не криеа ни организаторите.

„Фантастично е што можеме да работиме со жива легенда. Се надеваме дека наследството од Меси ќе допре до публиката и до сите навивачи“, рече претседателот Жонатан Тетро.

Шоуто ќе биде претставено идната година, а допрва ќе биде познат датумот на турнејата.