Меси на плажа на Карибите ги лечи раните по скандалот на Копа Америка! (ФОТО)

Капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси, деновиве се наоѓа на Карибите, каде што на семеен одмор со сопругата и трите деца ги лечи раните по скандалот кој пред извесно време се случи на Копа Америка.

Аргентинецот по триумфот на неговата репрезентација во „малото финале“ одби да го земе бронзениот медал, а потоа жестоко ја нападна организацијата на ова натпреварување обвинувајќи ги челниците на јужноамериканската федерација за корупција и фаворизирање на најлутиот ривал Бразил.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

En el paraíso con ellos🌴🐚🌊

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo) on

 

Меси ужива на најубавите светски плажи во желба да собере сили пред новата сезона во дресот на Барса, каде што го очекуваат да им се приклучи на подготовки непосредно пред почетокот на сезоната односно најдоцна за еден месец.