Меси му нареди на Сампаоли: Игуаин мора да игра на СП во Русија!

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси има главен збор не само во Барселона, туку и во Аргентина, а во пресрет на Светското првенство во Русија на лето му порача на селекорот Хорхе Сампаоли дека во тимот мора да најде место за една ѕвезда – Гонзало Игуаин.

Игуаин, ѕвездата на италијанскиот првак Јувентус е најомразената личност во Аргентина, Меси упатил порака дека мора да биде во составот од 23 фудбалери. Аргентина едвај избори пласман на Мундијалот.

„Игуаин ни треба и мора да оди на СП. Гонзало е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Го докажа тоа и во Јувентус и тоа е доволно. Со Аргентине е некоја друга приказна, зошто не е исто да играш за репрезентација“, рекол Меси.

Навивачите не сакаат да го видат Игуаин, затоа што според нив тој е директен виновник што Аргентина загуби две јужноамерикански титули, како и светската титула поради своите промашувања во финалињата.