Меси и Роналдо повторно на врвот по заработката за 2020 година

Лионел Меси е најплатениот фудбалер во светот, а веднаш зад него е Кристијано Роналдо. По нив следуваат двете ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе.

Финансискиот магазин „Форбс“ редовно објавува ранг-листи на спортистите со најголема заработка, а сега ги објави најплатените фудбалери.

Лионел Меси за 2020 година има заработка од 126 милиони долари, од кои 92 милиони се од плата, бонуси и награди, додека преостанатите 34 милиони од спонзорства. Роналдо заработил 117 милиони долари, но иако има помала плата од Меси со 70 милиони долари, заработува повеќе од спонзорите, односно 47 милиони.

Нејмар е трет по заработката со 96 милиони долари, а зад него Мбапе со 42 милиони. Потоа следуваат Мохамед Салах (37 милиони), Пол Погба (34 милиони), Антоан Гризман (33 милиони), Герет Бејл (29 милиони), Роберт Левандовски (28 милиони) и Давид де Хеа (27 милиони евра).

Форбс напоменува дека ова се вкупни заработки на фудбалерите во кои се вклучени и платата и бонусите за сезоната 2020/2021, а сумите не се оданочени. Во зависност од тоа во која земја играат фудбалерите има различен данок.