Меси џабе се врати, Аргентина се посрамоти против Венецуела (ВИДЕО)

Аргентина доби големо засилување, откако во репрезентацијата се врати ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, но публиката нема да биде задоволна, зашто Аргентинците загубија со 1-3 од Венецуела.

Венецуела по само шест минути преку Рондон стигна до водство од 1-0, а Муриљо во 44. минута зголеми на 2-0, а Аргентина делуваше конфузно на теренот, па не можеше да се спротистави во првото полувреме.

Во вторите 45 минути, Аргентина тргна со три замени, а Мартинез во 59. минута го намали резултатот на 1-2 и сите се надеваа на пресврт, но такво нешто не се случи бидејќи Мартинез во 75. минута ги „запечати“ конечните 3-1 во триумфот на Венецуела.