Мемфис Депај му пресуди на селекторот на Турција!

Шенол Ѓунеш повеќе не е селектор на Турција, откако фудбалската федерација од оваа земја објави дека го раскинала договорот со реномираниот стручњак и тоа со заемна согласност.

Турците остварија само една победа во последните пет меча, а пред неколку дена беа торпедирани на гостувањето кај Холандија (1-6), што беше главната причина за ваквата одлука на предводниците на турскиот фудбал. Најголем „виновник“ за тоа беше фудбалерот на Барселона, Мемфис Депај, кој постигна хет-трик на овој натпревар.

Турција по серијата лоши резултати падна на третата позиција на табелата во групата Г од квалификациите за СП 2022 и тоа со 11 бодови, два помалку од водечките Холандија и Норвешка на четири кола до крајот на циклусот.