Мбапе го искоментира дуелoт на Нејмар и Кавани

Единсон Кавани и Нејмар немаа баш пријателски дуел на пријателскиот натпревар помеѓу Уругвај и Бразил одигран во Лондон пред два дена. 

Голгетерот со опасен старт се обиде да му ја одземе топката на соиграчот од ПСЖ, по што Нејмар остана на теренот да се жали на повреда. Кавани дури и му довикна нешто, но и двајцата по натпреварот изјавија дека немаат никаков меѓусебен проблем и дека тоа е само фудбалски натпревар.

Сега со свој коментар се јави и нивниот соиграч од нападот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

„Му испратив порака на Нејмар и тој се изнасмеа. Мислам дека ова нема да ги спречи да се гушкаа и да постигнуваат голови заедно во дресот на ПСЖ“, изјави младиот Французин.