Мбапе е светска класа: После Пеле е најмлад стрелец на гол во финале на СП (ФОТО)

Младата француска ѕвезда Килијан Мбапе со неполни 20 години стана светски првак, за време на овој 21. Мундијал успеа да го достигне Пеле како најмлад играч кој дал два гола на еден меч на СП, а денеска стана вториот најмлад стрелец на погодок во финалето.

Мбапе постигна гол за водство на Франција од 401 во денешното финале со Хрватска (4-2) и со 19 години и 207 дена е втор најмлад во историјата. Пред него е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, кој во 1958 година постигна гол со 17 години и 249 гола.

Веќе е јасно дека светот има нова светска фудбалска ѕвезда.