Марсело стана апсолутен хит со жонглирање во собата за масажи (ВИДЕО)

Бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Марсело со години важи за најдобриот лев бек на светот, а дека е фудбалски велемајстор покажа и во собата за масажи на Реал Мадрид, во пресрет на утрешниот меч во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Реал Мадрид го очекува пресметка со јапонска Кашима Антлерс, а Марсело за мечот се загреваше со мало топче, со кое правеше чуда.