„Марка“: Гвардиола после Мундијалот во Катар седнува на клупата на Бразил?

Еден од најтрофејните и најдобрите тренери на денешницата, Пеп Гвардиола е прв кандидат за селектор на Бразил после Светското првенство во Катар на крајот на годинава, најавува шпанска „Марка“.

Според информациите на најугледниот шпански весник, Бразилците кои после Мундијалот остануваат со празна клупа зашто актуелниот селектор Тите објави заминување, по секоја цена сакаат да го земат Гвардиола, чиј договор со Манчестер сити завршува во летото 2023 година и тој веќе најави дека нема да ја продолжи соработката на „Итихад“.

Наводно Бразилците веќе му понудиле четиригодишен договор вреден 12 милиони евра од година, а Пеп во Сити има 20 милиони евра годишна плата.

Бразил на СП во Катар е во група со Србија, Швајцарија и Камерун, а „кариоките“ од 2002 година кога ја освоија последната петта светска титула, не биле ни близу до нов пехар. Гвардиола во кариерата беше тренер на Барселона, Баерн Минхен и сега на Манчестер сити.