Марадона се тргна од кокаинот, но има друг проблем

Легендарниот Диего Армандо Марадона во текот на целата своја кариера имаше проблеми со користење наркотици и алкохол, а зависноста се зголеми откако отиде во пензија.

Нездравиот начин на живот придонесе тој да има сериозно здравствени проблеми, а кога се чинеше дека аргентинската легенда ги надминал проблемите, сега повторно е во лошо здравје.

Карантинот поради коронавирусот лошо влијаеше на Марадона, кој нагло се здебели, но неговиот доктор потврди дека легендата почнува да работи на себе.

„Тој земаше одредени лекови поради неговата наксиозност. Со овој третман не може да се прекине нагло. Телото развива одредена толеранција и прекинување на терепијата  може да предизвика проблеми“, вели доктор Леополдо Луке.

„Кога е во прашање алкохолот, Марадона пие, но работиме на тоа. Тој целосно се одвикна од кокаинот, но понекогаш има проблем со алкохолот“, вели Луке.

Марадона има цела програма за подобрување, па во домот трча на трака и веќе ослабел пет килограми. Неговиот доктор се надева дека со враќањето на фудбалот во Аргентина, Марадона ќе се врати на работа во Гимазија ла Плата и дека тоа ќе му помогне во враќање во добра форма и добро здравје.