Марадона трошел милиони на подароци - највеќе добила неговата 30-годишна девојка

Диего Армандо Марадона во периодот од 2014 до неговата смрт во 2020 година потрошил 4,7 милиони долари на подароци на свои блиски роднини и пријатели.

Неговиот адвокат Матиас Морлу откри дека легендарниот Аргентинец имал огромни трошоци, па затоа неговото богатство и не е така големо како што очекуваат неговите наследници. Токму на нив Марадона трошел огромни суми на пари, купувал подароци, им двал пари за разно разни потреби како авионски билети, операции, лекарства, автомобили, мобилни телефони и други работи.

Најмногу пари и подарил на неговата бивша девојка, Росио Олива, околу 1,4 милиони долари. Потоа околу 910.000 долари добила неговата поранешна жена Вероника Охеда, која е мајка на неговиот најмлад син. Им исплаќал големи суми и на другите свои поранешни сопруги.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст од компликации по операцијата на мозокот.