Марадона ги критикуваше сонародниците: Аргентина би загубила и од Тонга!

Аргентина на стартот на Копа Америка беше поразена од Колумбија со 0-2 и многумина сметаат дека тоа ќе биде уште еден неуспешен настап за репрезентацијата.

Диего Марадона е еден од тие кои е разочаран од настапите на неговата татковина, па тој реши да ги критикува сонародниците.

„Кога ја гледам Аргентина, имам чувство дека би загубила и од Тонга. Не можам да гледам како се борат за дресот на Аргентина. Мојата генерација знаеше да го скрши автобусот по пораз, а денес нема никакви емоции. Па, тој дрес не ви го остави мајка ви“, вели Марадона.

„Гаучосите“ треба да играат уште против Парагвај и Катар во групната фаза, а би бил голем неуспех за репрезентацијата доколку не ја помине групната фаза.