Марадона доби подарок за својот 60.роденден од фудбалерите на Гимнасија - победа од 3-0 (ФОТО)

Диего Армандо Марадона го прекрши карантинот за да го гледа првиот натпревар на неговиот тим Гимнасија ла Плата во рамки на аргентинското првенство. 

Легендарниот фудбалер, кој вчера наполни 60 години не се задржа долго на стадионот, бидејќи се наоѓа во изолација поради контакт со заразен со Ковид-19. Тој дојде на стадионот со помош на телохранители и очигледно не беше во добра состојба.

Сепак, неговите избраници за роденденот му подарија голема победа од 3-0 против Патронато. Тоа беше прв официјален фудбалски натпревар во Аргентина по цели 228 дена, поради коронавирусот.