Марадона доби нова биста – на сѐ личи, само не на Диего (ФОТО)

Аргентинската легенда и еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, кој почина на 25 ноември 2020 година, доби нова биста и тоа од клубот каде ја почна кариерата, Аргентинос Јуниорс, само што таа на се личи само не на „фудбалскиот Бог“.

Рафа Фери е уметникот кој ја направи бистата, после што на Аргентинците им се „слоши“ од ужасот кој го видоа на промоцијата. Фери сега е под жесток рафал на критики за тоа што го направи како „уметничко дело“, кое беше промовирано на пријателски меч на младинците на Аргентинос јуниорс и Валенсија.