Марадона дебитираше со пораз, ама на голот на својот тим збесна како тој да го постигнал (ВИДЕО)

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона дебитираше како нов тренер на последнопласираниот тим Гимнасија Ла Плата и не успеа на својот прв меч да освои барем бод во пресметката со Расинг, откако неговите избраници загубија со 1-2.

Доаѓањето на Марадона во Ла Плата донесе невидена еуфорија, а кога неговиот тим синоќа израмни, тој збесна од радост. Славеше како да го постигнал, доведувајќи ги навивачите до екстаза. И радоста траеше 120 секунди, зашто Расинг брзо го врати водството и ги освои трите бода.

Ако ништо друго, доаѓањето на Марадона во Гимнасија ќе биде шоу на секој меч, посебно ако успее да го разбуди тимот и да почне да победува