Манџукиќ: Ние сме лавови! Не сме свесни што направивме...

Херојот на Хрватска се вика Марио Манџукиќ. Напаѓачот кој водеше голема борба со англиските дефанзивци, кој ниту во еден момент не се штедеше, успеа еднаш да им избега и десет минути пред крајот на продолженијата, постигна гол – злато вреден.

Манџукиќ со солзи радосници го дочека крајот, а како што призна по мечот, никој не е свесен во моментов што направиле... Каков успех направи генерацијата со Златко Далиќ на клупата.

„Неверојатно! Не сме свесни што направивме. Ова е чудо. Ова го можат само големи екипи. Да се биде така храбар... Да се вратите и да одиграте ваков турнир со срце. Мислам дека во Хрватска е фешта, но и во други земји. Ќе повторам не сме свесни што направивме“, рече Манџукиќ.

Гол на кариерата? Јас само сум задоволен од своите мечеви и давам сè за екипата. За мене тимот е најбитен. Франција? На нас најголем притисок ни беа Данска и Русија, ова другово е.... Уживаме и играме фудбал. Губевме, ама се вративме. Бевме како лавови“, додаде Манџукиќ.