Многу водка и сѐ е можно: Руски насилник нападнал Перуанец и му го скршил – черепот!

Неколку часа пред почетокот на втората денешна пресметка на Мундијалот во Русија помеѓу Франција и Перу, од Екатеринбург, градот каде што ќе се одигра овој дуел, доаѓаат застрашувачки вести за сериозен напад и тешка повреда на навивач на перуанската репрезентација.

Според руските медиуми, навивач на Перу (36 години) бил нападнат од локален насилник, кој со тврд предмет го удрил по главата и му го скршил черепот. Веднаш потоа настраданиот бил ограбен односно му биле одземени телефон „Сони“ и фотоапарат „Канон“.

Руската полиција набрзо го фатила крадецот, за кого велат дека бил пијан, но засега нема информации околу состојбата на повредениот перуански навивач. Според сведоците, сцената била ептен застрашувачка.