Македонец главен кандидат да биде селектор на светскиот првак - САД

Македонецот Влатко Андоновски е главен кандидат да биде нов селектор на женската фудбалска репрезентација на САД. Тој влегува во трка со уште двајца кандидати да ја замени Џил Елис, која ја напушти позицијата по освојувањето на Светсткото првенство изминатото лето. 

Медиумите во САД, веќе на големо шпекулираат дека Македонецот е прв избор на самите играчи, бидејќи важи за фантастичен тактичар, но и гради одличен однос со своите и фудбалерки.

Андоновски моментално е тренер на екипата на Реин од Такома, Вашингтон, а претходно беше во тимовите на Канзас сити кометс, со кој освои и две тиули и ФЦ Канзас. Негови противкандидати за позицијата селектор на САД се и Ерика Волш Дамбах од Универзитетот Пен Стејт и тренерот на Јута ројалс, Лора Харви.

„Постои ли таков тренер кој не би бил заинтересиран да биде тренер на најдобриот тим на светот?“, прашува Андоновски. „Да, навистина сум почестен што ме споменуваат како еден од кандидатите за селектор на САД, но мојот моментален фокус се следните натпревари со мојот тим“, изјави Македонецот.

Нашиот тренер доби огромна подршка да биде нов селектор на Американките од една од најдобрите во националниот тим Меган Рапино.

„Мислам дека еден од најголемите квалитите кои ги има како тренер е неговата тактичка флексибилност и разбирањето на играта“, вели Рапино, која игра за Андоновски во Реин и е една од најдобрите фудбалери во репрезентацијата.

 Андоновски е поранешен фудбалер на Македонија Ѓорче Петров, Работнички и Вардар, а од 2000 година е во САД, каде се занимаваше со играње футсал.